Хотел MUKARNAS RESORT

ДЕТАЛИ

Хотелот се наоѓа на 1 км од областа Окурчалар во Аланија, на 35 км од центарот на градот Аланија и на 90 км од аеродромот во Анталија.
Услуга Ултра се вклучено.

Дестинација Аланија.
Сместување:  Собите се распоредени во една хотелска зграда, на 5 спрата, со 6 лифтови на располагање. Вкупно има 424 соби (1116 кревети) од кои: Стандардни, Големи Стандардни, Џуниор Суити, Фамилијарни соби со креветчиња на спрат во две одделни соби, Фамилијарни соби со регуларни кревети во две одделни соби, Соби за хендикепирани лица и Executive суити. Економските и Промо соби се стадардни соби со големина од 24 м², а можат да сместат максимум 2 лица. Собите се опремени со мини бар, сателитска ТВ, клима систем, балкон, сеф, директна телефонска линија, бања со фен и сите потребни содржини.
Барови и рестораниКонцептот на хотелот е Ultra All Incslusive, а вклучува: безалкохолни пијалоци во мини барот, дневни колачи, бисквити и торти, понуда за ужинки надвор од главните оброци, локални и неко увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, тематски вечери во главниот ресторан. Главниот ресторан служи 5 оброци: појадок, доцен појадок, ручек, вечера и ноќна супа. Барот на плажа функционира од 10:00 – 18:00. Останатите ресторани и барови се: Ресторан за ужинки, Amfi ресторан (салати, сладолед, ѓозлеме, овошје, десерти, печен компир) и Patisserie (бисквити и слатки). Освен во барот на плажа, пијалоци се служат и во следните барови: лоби бар, бар покрај базенот, диско бар, витамински бар, Game бар. Хотелот има 3 A la Carte ресторани: Hashi, Vaspiano, Fish. Потребна е претходна резервација и доплата по лице.
 Активности и услуги: Хотелот поседува еден главен отворен базен, еден затворен базен, базен со водени лизгалици, базен мини клуб, затворен базен за деца и џакузи. Вклучени се турска бања, сауна и парна бања, фитнес центар. Wi fi низ хотелскиот комплекс и во собите. Се доплатува: масажа во спа центарот, собна услуга, перална и хемиско чистење, свежо цедени сокови, чување на деца, телефон, wi fi со поголема брзина, доктор. Мини клубот содржи: игралиште, базен, аква парк, шведска маса за деца, трамболина, анимационен тим за деца, мини голф, мини диско, соба за игри. Останати содржини: одбојка, пикадо, аеробик во вода, вечерни шоу програми, зумба, гимнастика, часови за танцување. Хотелот нуди посебни концепти за меден месец, прослава на роденден, годишнина и за редовни гости во хотелот.

ГАЛЕРИЈА